ммм - македонска музичка мрежа

Авалон го носат Били Ајдол на првиот Zagreb Calling!

Авалон го носат Били Ајдол на првиот Zagreb Calling!

 

Новиот проект на Авалон продукција се вика „Zagreb Calling“ и со него ќе го стартуваат летото во Хрватска. Британската рок легенда Били Ајдол е предводник на изведувачите на првиот „Zagreb Calling“, кој ќе се одржи на 14 јули на најомилениот градски отворен концертен простор – СРЦ Шалата.

На првиот „Zagreb Calling“ – Били Ајдол ќе ја посети хрватската престолнина во склоп на големата европска турнеја по повод неговиот актуелен албум „Kings And Queens Of The Underground” кој на пазарот се појави во октомври минатата година, а кој доби одлични критики од престижните Ролинг Стоун, Ултимејт Класик Рок и др. Покрај Велика Британија, Франција, Италија, Германија и многу други европски држави ова ќе биде единствениот настап на Billy Fucking Idol во регионот.

Како специјални гости на Били Ајдол ќе настапат големите балкански атракции Партибрејкерс и Психомодо Поп, а за тоа кој ќе ја отвори вечерта чекаме ново известување од продукцијата.