ммм - македонска музичка мрежа

SWITCH – „Те сакам“

SWITCH – „Те сакам“

 

Поп-рок формацијата  Switch  доаѓа од Кочани и неа ја сочинуваат: Катерина Стојова – вокал, Стојан Лазаров – бас , Александар Русески – гитара и Зоран Цеков – тапани. Иако претходно членовите настапувале во други состави, како Switch постојат една и пол година.

“Свириме поп-рок, т.е. тезга, она што го бара публиката, ама сепак се трудиме да направиме баланс со нашиот стил и вкус.” – кажуваат од Switch.

Бендот во овој кус временски период учествувал  на неколку настани, од кои особено се издвојува настапот на  „Т’к Так Фестивалот“ во Кавадарци, каде го освоиле  3-тото место за најдобар демо-бенд.

1554460_236685629866129_348234763_n

Групата Switch во моментов  работи на својот авторски материјал. Досега ги имаат објавено сингловите: “Ќе ми дојде ли ? “ и  најновата песна “Те сакам“.

Screenshot (17)

“Инспирацијата не доаѓа така лесно. Здравје Боже, ако работиме со полна пареа, догодина ќе  направиме албум…” – велат членовте на Switch од Кочани .

Во меѓувреме погледнете го видеото за песната „Те сакам“ кое го изработи Миле Лефков, за која музиката ја напиша гитаристот Александар Русески, додека текстот е на вокалот на бендот, харизматичната Кате Стојова.