ммм - македонска музичка мрежа

Жирито на Х Фактор почна со чудни барања: Што бараше Тончи Хуљиќ од продукцијата?

Жирито на Х Фактор почна со чудни барања: Што бараше Тончи Хуљиќ од продукцијата?

 

Жирито на Х Фактор веќе се спријатели меѓу себе и функционираат одлично заедно, а веќе почнаа да поставуваат барања до продукцијата. Овој пат Тончи Хуљиќ има специфични барања.

Имено, нему тешко му паѓа што нема време за попладневен одмор, па во паузите од снимањето бара од продукцијата малку да оддрема. Се правда дека е навикнат на тоа и дека тешко му паѓа кога нема време да се одмори. Инаку нему најмногу му се допаѓа кога кандидатите пеат постари песни, а редовно се дружи со Жељко Јоксимовиќ.

Масимо Савиќ на снимањето постојано го следи неговата сопруга Ена, која пак одлично се дружи со сопругата на Жељко Јована. Тие двете се дружат во собата за жири додека сопрузите ги слушаат и оценуваат кандидатите.