ммм - македонска музичка мрежа

Фифи е изреволтирана и го исплука Х Фактор!

Фифи е изреволтирана и го исплука Х Фактор!

 

Фифи (или Филип Јаневски) која лани настапуваше во шоуто Х Фактор, со многу револт и згаденост го коментира натпреварувањето и сето она што таа и останатите натпреварувачи го доживеале лани како учесници на ова екстра популарно шоу.

Еве што вели Фифи на својот Фејсбук профил:

Бидејќи мислам дека никој од кандидатите кои бевме на минатогодишната сезона на Х Фактор не проговорил јавно што всушност таму се случуваше и како не тераа пред камери и на интервјуа да се правиме дека се е во ред, еве јас не се плашам и ќе кажам.
Епа вака…
Мене лично ме ставија во бендови (ме дискриминираа) бидејќи продукцијата не знаела дали да ме стави во машки или женски изведувачи (од самиот старт знаев какво ќе биде ова шоу, бидејќи јас јавно се изјаснив дека сум транс жена и се знае каде требаше да бидам, и искрено затоа и престанав да се понашам професионално и да давам се од себе, бидејќи професионалци таму немаше.)
До Шимановци секој ден не носеа на проба со раскантан стар смрдлив автобус полн со прашина. Секое сабајле ќе станевме во 7 и кога ќе стигневме таму чекавме барем четири часови додека да пробаме на сцена. Не оставаа без храна, тоа што јадевме претежно беше храна која ја праќаа родителите на некои од учесниците, god bless родителите на Доктори. Не носеа од хостел во хостел , нема ни да коментирам како живеевме, особено бендовите бидејќи веројатно ги сметаат за понизок ранг, не знам зошто.
Си играа со гласовите, враќаа во шоуто кого они сакаат и исфрлаа кого они сакаат така да кога сте гласале џабе сте гласале! Кога ме исфрлија мене од шоуто ме исфрлија со 2 пати повеќе гласови од публика отколку што имаше Александра Секулиќ со која јас и Маринела се најдовме во дуел. Ин еар-от кога пеевме на сцена речиси никогаш не работеше и неизбежно беше да се фалшира, не се слушаш што пееш човече!
На концертот во Скопје кога наполнивме цела сала, ни платија по 100€!
За гардеробата која ни ја даваа и не облакаа во неа што да ви кажам?! Знаете и самите… Вечерта пред да испаднам од што беа ‘професионални’ оние кои не облекуваа и беа премногу ‘културни’ јас дојдов до ситуација 5 минути пред да настапам да ме навредува и да се степам со една кокошка која работеше како ‘стилист’. Оди па пеј убаво брате! Има уште многу…
Но, мислам дека и ова е доволно. Поздрав до сите и единствено добро од тоа шоу е што среќа ни ги нема договорите и запознав прекрасни луѓе со кои делиме исти соништа и некаде во светов вредат МИЛИОНИ!

Untitled-1

Да потсетиме Фифи и Даниел беа единствените Македонци кои влегоа во самото финално натпреварување, Даниел во машки изведувачи, а Фифи во групи. Како што е веќе познато Даниел Кајмакоски победи на шоуто, но и нему изгледа многу работи не му биле остварени од она што било ветено.

daniel-i-fifi