ммм - македонска музичка мрежа

Слушајте го неверојатниот концерт на Бојан Дамјановски на РСМ

Слушајте го неверојатниот концерт на Бојан Дамјановски на РСМ

 

Денеска во студиото на Радио Слободна Македонија, со концерт во живо во 20 часот ќе се претстави младиот пејач Бојан Дамјановски.

Бојан на публиката и е познат како еден од членовите на дуото „Line Out“, а специфично за него е дека прави неверојатни кавери на познати песни. Она што е интересно за денешниот концерт е што тоа ќе биде еден час со познати македонски кавери кои ќе ги изведе Бојан, што ќе се случува за прв пат откако РСМ ги организира концертите во живо.

Концертот и каверите кои до сега ги објави младиот Бојан се само најава за она што тој допрва го подготвува, а ќе се појави некаде кон крајот на пролетта.

Слушајте ја емисијата МакСцена со Ване Маркоски и овој прекрасен концерт вечерва во 20 часот на брановите на радиото во боја, кое можете да го слушате и гледате ТУКА >>>>>