ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО: Ако го пропуштивте, одличниот концерт на Бојан на РСМ

ВИДЕО: Ако го пропуштивте, одличниот концерт на Бојан на РСМ

 

Сношти во студиото на Радио Слободна Македонија, се одржа концерт во живо на младиот пејач Бојан Дамјановски.

Бојан на публиката и е познат како еден од членовите на дуото „Line Out“, а специфично за него е дека прави неверојатни кавери на познати песни. Она што е интересно за концертот е што беше прв на кој се изведуваа познати македонски кавери на РСМ.

Концертот и каверите кои до сега ги објави младиот Бојан се само најава за она што тој допрва го подготвува, а ќе се појави некаде кон крајот на пролетта.