ммм - македонска музичка мрежа

Каролина Гочева најавува нов сингл и жешко концертно лето

Каролина Гочева најавува нов сингл и жешко концертно лето

 

Турнејата на Каролина Гочева, која минатото лето беше одложена поради смртта на Даниел Милошески, половината од дуото „Авалон Продукција“, ќе се одржи ова лето.

Почетокот на турнејата „Смеј ми се, смеј“ е закажан за јули, точните термини се уште не се познати, но локациите ќе останат исти од лани, а турнејата ќе трае во јули и во август.

Покрај турнејата Каролина многу скоро ќе објави сосема нов сингл, кој ќе биде комплетно во стилот на проектот „Македонско девојче“.

Кога сме веќе кај „Македонско девојче 2“ прашање е на ден кога албумот ќе се појави на поширокиот регионален пазар. Како издавач се појавува „Далас рекордс“ – една од водечките дискографски куќи во регионот што со своите изданија рушеше рекорди во продажбата во изминатите 20 години, а албумите и изведувачите меѓу кои Џибони, Северина, Бајага и многу други еминентни музички имиња, освојуваа бројни награди.