ммм - македонска музичка мрежа

Сара Мејс најавува дека ќе ја шокира јавноста!

Сара Мејс најавува дека ќе ја шокира јавноста!

 

По спотот за темата „Намбераја“ кој го промовираше во октомври минатата година, а кој беше обележан како несоодветен за помлади од 16 години, ексклузивката на “Горила продукција“ најавува уште едно контроверзно видео.

Не се опседнувам со разголување и секс. Кога еден рефрен треба визуелно да се претстави, инспирацијата ја барам пред се во темата. Сакам да се трансформирам, но заведувам само кога морам. Наскоро ќе излезе мојата нова песна за која ќе снимам и видео запис кој по многу нешта ќе ја шокира јавноста. Станува збор за композицијата „Пеперутки“, пролетна тема, која ќе ги разбуди сетилата кај почитувачите на мојот музички израз“, вели атрактивната пејачка и авторка.

Песната е субвенционирана во рамките на програмата за поддршка на домашната музичка продукција. Овој проект е уште еден чекор до реализирањето на нејзиниот деби албум, но промоцијата нема да биде наскоро наспроти најавите на некои од домашните портали.

1601289_726560904056118_4045130223632787146_n

Имаме доволно материјал, но песните се далеку од финалната реализација. Со мојата матична куќа имаме зацртани цели и планови, работиме со елан, а тоа е најважно. Сепак носач на звук е прекрупен проект за кој фановите ќе мора уште малку да почекаат - објаснува пејачката.

10974386_824843677561173_3389294770260574288_o