ммм - македонска музичка мрежа

„Темпера“ со концертна промоција низ Македонија

„Темпера“ со концертна промоција низ Македонија

 

Во сабота, 28 март, групата Темпера ќе има концертна промоција на нивниот албум „Играј”.

Промоцијата ќе се одржи во клубот „Порта Џез” во Битола, со почеток во 22 часот.

После настапите на фестивалите Скопје Гори 2014 и Белград Колинг 2014, групата Темпера тргнува во концертна промоција на нивниот албум во неколку градови во Македонија.

Ова ќе биде добра можност за сите љубители на рок музиката во Битола, во живо да чујат еден од најдобрите рок албуми во 2014г. во Македонија!