ммм - македонска музичка мрежа

Одлична концертна романтика на Владо Јаневски во преполната Борис Трајковски

Одлична концертна романтика на Владо Јаневски во преполната Борис Трајковски

 

Владо Јаневски со својот концерт уште еднаш докажа дека слободно може да го носи епитетот поп крал на македонската естрада.

После цели осум години во Скопје, вчеравечер (03-ти април) во арената „Борис Трајковски“ се одржа голем концерт на една од најголемите ѕвезди на македонската естрада, Владо Јаневски.

Поп кралот од македонската естрада уште еднаш го оправда својот епитет.

11120936_10205510458912570_415077104_n

Со задоцнување од еден час пред преполната сала Владо го започна концертот со неговата најнова песна „Е, ама јас те сакам тебе“ и публиката уште на првите звуци реагираше со ракоплескање и танцување на нотите од својот миленик. Неговата „Чаирска романтика“ уште толку ја загреа атмосферата, која беше на високо ниво и покрај лошото озвучување во салата.

11096959_10205510458752566_1937404789_n

„Прекрасно… магично…емотивно… темпераментно…“, коментираа фановите кои два часа и половина пееја со Владо. „Од овој ден“, „Булки“, „Ако не те сакам“, „Некогаш и негде“, „Еден бакнеж“ се редеа во низа и ги будеа емоциите во срцата на фановите.

11131840_10205510459272579_2129764989_n

Подиумот на кој настапи Владо Јаневски со бендот што го придружуваше беше поставен централно во средината на  Арената, а озвучувањето, светло, лед, се беше поставено на покривната конструкција, така што публиката имаше можност од сосема нов агол да го следи целиот настан.

11106282_10205510458432558_357799819_n

Со публика од сите страни Владо енергично се движеше по сцената и посвети внимание на публиката во секој дел од салата.

Концертот го организираше Горила продукција.

11131913_10205510457832543_124976236_n