ммм - македонска музичка мрежа

Македонските бендови растурија на Converse rubber tracks

Македонските бендови растурија на Converse rubber tracks
Сите четири македонски состави кои влегоа во финалната фаза на регионалното натпреварување за млади и неафирмирани артисти, Converse rubber tracks – завршија како победници и ја освоија главната награда.
Cloud town, June и Визија од Скопје и Këpurdhat од Тетово се меѓу 7-те победници на Converse rubber trucks, што значи дека од 4-ти до 7-ми мај ќе можат да работат во професионални услови во славното Студио М во Нови Сад. Тоа што ќе го сработат ќе биде под надзор на продуценти од Converse rubber tracks студиото од Бруклин, како и од нивните српски колеги.
 
 
По серија музички работилници во Скопје, Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Сплит, Сараево и Бања Лука, на 1-ви март започна конкурсот на кој се пријавија повеќе од 100 бендови од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
 

Со онлајн гласање потоа беа одбрани 15 финалисти, а за победничката седумка одлучуваше жири, чии членови беа Мирела Приселац Реми од Елементал, Владимир Радусиновиќ Радуле од Атеист рап и Марко Селиќ Марчело.

Останатите три состави кои ја добија наградата: Виолета и Šajzerbiterlemon од Белград и Раскид 13 од Панчево.

Cloud town конкурираа со The lounge room (ft. Jonin, Dj Drama Zad agolot), June со Live out loud, Визија со Гласот на мојата душа и Këpurdhat со The unknown.