ммм - македонска музичка мрежа

Концертна промоција на новиот бенд на Тони Зен „Флека“

Концертна промоција на новиот бенд на Тони Зен „Флека“
Концертната промоција на ,,Флека”, новиот бенд на Тони Зен, ќе се случи утре, четврток, 16 април во МКЦ (Младински Културен Центар), Кино Фросина. Промоцијата е закажана за 20 часот.
„Флека“ го претставува новиот бран на урбани музичари кои знаат што е тоа квалитетна музика со одличен звук. Тие се трудат да го пренесат она што го творат, правците блуз, фанк, хип-хоп, џез, музика која во нивна изведба звучи подобро и од оригиналот.
„Флека“ и Тони Зен, кои заедно со Нино Васков (Стерео Рекордс) се носители на овој проект заслужуваат полно внимание.