ммм - македонска музичка мрежа

„Тајфата“ го промовираше „Еден пат за еден живот“

„Тајфата“ го промовираше „Еден пат за еден живот“

 

Денес, вторник, 21 април 2015 година точно напладне,  во фоајето на хотелот ТЦЦ Плаза во Скопје, „Тајфата“ го промовираше своето албумско првенче насловено „Еден пат за еден живот“.

Пред огромниот број новинари, колеги музичари, автори, пријатели и помагачи на проектот водена од домаќинката  Лила Филиповска, промоцијата на многу суптилен и емотивен начин ја долови суштината на постоењето на групата составена од искусни музичари кои веќе зад себе имаат долги и успешни естрадни кариери, како и настанувањето на песните поместени на нивното првенче.

10815200_10205635197830965_1219600906_o

15 минутниот документарен филм изработен од „Томато продукција“ и визуелно ја надополни приказната, сублимирајќи ја животната но и професионалната сторија на протагонистите, членови на „Тајфата“, нивните мотиви, како и размислувањата на нивните најблиски соработници, автори и помагачи, новинарите… кои вткаени во тимот сочинуват една целина предодредена да атакува на долги патеки на македонската естрада.

11157167_10205635226231675_1148759986_o

Предвоникот на „Тајфата“, Николчо Јанков – Коки по повод излегувањето на нивното прво ЦД ќе изјави:

„Ова е момент за кој долго и напорно работевме сите. Се надеваме дека со овој албум и пристапот кој го имаме од неговото креирање, па сè до неговата промоција, ќе успееме да се етаблираме како група која поставува нови и повисоки стандарди во македонската музика. Ме радуваат реакциите на луѓето кои веќе имаат слушнато некои од песните на албумот, што ми дава надеж дека сме на вистинскиот пат. Сè што правиме, правиме со огромна љубов кон музиката, и веруваме дека луѓето тоа ќе го препознаат“.

11158978_10205635222631585_185863846_o

Коки, Влатче и Александар – членовите на групата канејќи ги  нивните најблиски соработници да им се придружат, станаа и им се поклонија на присутните велејќи: „Сакам да Ви се поклониме, зашто Тајфата сте вие!“

Инаку албумот содржи 9 композиции меѓу кои покрај насловната, „Еден пат за еден живот“, се наоѓаат тукушто промовираната „Галичка“ чиј видеозапис беше и премиерно прикажан на промоцијата, „Јас со тајфа идам“, „Пушти коси“, „Едно мирно топло лето“, „Налет злато да е“…

10815200_10205635199030995_1949855222_o

Текстовите се на веќе проверени и докажани текстописци како Венко Серафимов, Дејан Георѓиевски-Ѕене, Весна Малинова и Огнен Неделковски, додека за музиката беа задолжени Дејан Георѓиевски-Ѕене, Љупчо Трајковски-Фис и Венко Серафимовски, а аранжманите  се комплетно на Дејан Георѓиевски-Ѕене.

11182920_10205635230751788_1991481781_o

За дизајнот на обвивката на цедето, фотографиитесе авторско дело на уметничкиот фотограф Чедо Поповски.

Првиот тираж на албумот е веќе отпечатен и истиот љубителите на македонската модерна чалгија, или како што самиот Коки вели: „македонската новосоздадена градска музика, или новоградска музика“, веќе можат да го најдат во продажни места низ  Македонија.

11068234_10205635198110972_433230408_o