ммм - македонска музичка мрежа

Концерт во живо на РСМ на Влатко Илиевски

Концерт во живо на РСМ на Влатко Илиевски

 

Денеска во студиото на Радио Слободна Македонија, со концерт во живо во 20 часот ќе се претстави Влатко Илиевски.

Влатко заедно со всојата матична група „Морал“ деновиве во етерот ја пушти својата најнова песна, ретро-баладата „Како некогаш“. Песната беше снимана во повеќе скопски студија, а ќе биде дел од албумот на Морал кој се планира да излезе на почеток на есента оваа година. На оваа песна гостува Тамара Тодевска, која со својата изведба покажа дека е врвна блуз пејачка.

Слушајте ја емисијата МакСцена со Ване Маркоски и овој прекрасен концерт вечерва во 20 часот на брановите на радиото во боја, кое можете да го слушате и гледате ТУКА >>>>>