ммм - македонска музичка мрежа

Тони Зен го промовира новиот бенд „Флека“ со „Светот е мој“

Тони Зен го промовира новиот бенд „Флека“ со „Светот е мој“

 

Веќе подолг период Тони Зен  беше надвор од јавниот живот се до изминатиов викенд, кога во МКЦ  во салата „Фросина“ ја промовираше концертната верзија на „Светот е твој“ заедно со својот нов  бенд „Флека“.

Самиот состав брои 11 Академски музичари меѓу кој Сиг ( вокал), Нино Васков (вокал и гитара), Борче Кузмановски (клавијатури), Благоја Антовски (тапани), Гоги Полизов (бас), Анета и Гена Качуркова (придружни вокали), Александар Николовски (труба), Борислав Веселинов (саксофон), Филип Стевановски (тромбон) и главниот вокал Тони Зен.

S1

Она што Тони и екипата го претставија на својот настап е широкиот спектар на жанрови па така покрај традиционалниот рап и хип-хоп, во нивното музицирање можеше да се слушнат  р’н’б, фанк, џез, блуз… елементи. Проект зад кој стои продукцијата   „Стерео Рекордс“.

S3

И додека го очекуваме новиот материјал на Тони Зен и „Флека“ бенд и неговата вистинска голема концертна промоција, во продолжение премиерно ви нудиме да ја погледнете концертната верзија на видео-записот „Светот е твој“.