ммм - македонска музичка мрежа

Туте промовира ново видео заедно со Кацар

Туте промовира ново видео заедно со Кацар

 

Туте сними нова песна на која гостува Кацар (Токсиколози). Песната се вика „Останувам ист до крај“, снимена е во „Дром рекордс“ и е продуцирана од Туте.

Текстот е на Туте и Кацар, а во песната се работи за издржливоста на Македонецот.

Целта на видеото е да си ја зачуваме младината во државата и да се изгради нов концепт и кадар кои ќе се бори за своето и ќе го зачува образот на македонецот, кој е доволно испрљан – ни изјави кратко Туте.

Screenshot_7

Режијата и изборот на кадрите се на Туте и Кацар, камермани се Мартин Саровски –Пацов и Кристијан Теодоров – Кики, а за монтажата и постпродукцијата се погрижи Кирил Манчевски-Кикеман.