ммм - македонска музичка мрежа

Каролина Гочева ќе го освојува Балканот!

Каролина Гочева ќе го освојува Балканот!

 

Роденденскиот подарок кој Каролина Гочева го доби од својата продукција е оној кој секој пејач најмногу го посакува.

Имено вчера, на нејзиниот 35-ти роденден нејзината продукциска куќа Авалон ја објави веста дека албумот „Македонско девојче 2“ го доби свое регионално издание преку водечката дискографска куќа Dallas Records. Албумот веќе може да се најде на музичкиот пазар на просторите на сите бивши ЈУ држави.
Прв сингл кој што веќе се врти по радиостаниците ширум Балканот е песната „Кој да ми запее“.

Оваа вест претставува уште едно значајно скалило во животот и кариерата на пејачката. Ако досега своите албуми ги препеваше на српски и како такви ги пласираше на пазарот на екс ју земјите, од денеска тој пазар добива албум од Каролина, но на македонски јазик.