ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО: Дамир Пух има нешто да ви каже

ВИДЕО: Дамир Пух има нешто да ви каже

 

Македонскиот гитарист Дамир Пух ја објави својата нова инструментална композиција со наслов „Something To Say“, зад која како автор се потпишува самиот.

Дамир и е познат на јавноста по минатогодишниот настап во финалето на престижниот музички натпревар „Guitar Idol“ во Лондон и остварените успеси на повеќе интернационални натпревари за гитара. Претходно има издадено уште неколку авторски композиции како соло артист и како дел од проектот „Bondi Blue“.