ммм - македонска музичка мрежа

Влатко Илиевски повторно во прегратките на поранешната девојка

 

Влатко Илиевски повторно во прегратките на прекрасна девојка, овој пат се врати на минатото!

После разделбата со охриѓанката Натали која живее во Холандија, Влатко Илиевски изјави:

Моментално немам девојка и тоа ќе остане така се додека не најдам повторно некоја со која ќе сакаме да бидеме заедно. Љубовта не ми е приоритет во моментов, иако секогаш сум заљубен и имам инспирација да пишувам и создавам песни.

11205163_434861453340980_8223149548585931632_n

Но само месец дена подоцна изгледа дека пејачот се премисли. Тој деновиве интензивно прикачува фотографии на социјалните мрежи на кои позира со својата поранешна девојка Теа, која живее и работи во Србија.

11200591_434503033376822_7937257173584235875_n

Влатко и Теа пред неколку години беа во врска, а убавата бринета досега се има појавено во неколку негови спотови. Деновиве тие уживаат во заедничката дружба во Скопје.

Screenshot