ммм - македонска музичка мрежа

Ивона од „Ѕвездите на Гранд“ ќе пее на „Макфест“ заедно со „Рафинерија“

Ивона од „Ѕвездите на Гранд“ ќе пее на „Макфест“ заедно со „Рафинерија“

 

Ивона Јовановиќ која во „Ѕвездите на Гранд“ е многу блиску до финалето, доби прилика да настапи и на фестивалот Макфест 2015, и тоа во дует со „Рафинерија“.

Дуетот „Тешко време“ е дело на Борче Димитров, попознат како Бока Рафинерија, кој ја одбра Ивона да заедно со него настапи на овој наш престижен фестивал. Аранжманот на песната е на Живоин Глишиќ, а  „Макфест 2015“ ќе се одржи на 3, 4 и 5 јуни во Штип.

Дуото „Рафинерија“ снима уште една песна во студиото на Драган Ристовски која ќе биде готова деновиве, а за песната со која ќе настапат на Макфест 2015 предвидуваат дека ќе биде голем хит.