ммм - македонска музичка мрежа

Влатко Стефановски со работилница во спомен куќата на Тоше Проески

Влатко Стефановски со работилница во спомен куќата на Тоше Проески

 

Нашиот најпознат гитарист Влатко Стефановски ќе одржи работилница за гитара во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево, и тоа од 24 до 26 јуни.

Пријавувањето за првата работилница почна и ќе трае еден месец. Заинтересираните може да пополнат апликација поставена на веб-страницата www.krusevoworkshop.mk, каде се наведени и условите за учество. Курсот за сите што сакаат да научат повеќе за свирењето гитара е бесплатен.

Работилницата е проект од програмата на Владата на РМ и ќе ја организира продукцијата „Трето уво“. Во план е секоја година да се организираат музички работилници за различни видови инструменти под менторство на афирмирани музичари.