ммм - македонска музичка мрежа

Каролина и „Македонско девојче“ на „EXIT фестивал“ 2015!

Каролина и „Македонско девојче“ на „EXIT фестивал“ 2015!

 

За македонска ѕвезда Каролина претходниот период е повеќе од успешен.

По големиот концерт во салата „Борис Трајковски“ и објавувањето на послениот албум на регионалниот пазар, со проектот „Македонско девојче“, Каролина ќе настапи на овогодинешното издание на еден од најголемите фестивали во овој дел од Европа, EXIT фестивал во Нови Сад.
Каролина со својот бенд ќе настапи како еден од хедлајнерите во сабота на 11јули на Fusion Stage.
Покрај Каролина оваа година Exit Fest. веќе ги најави Emeli Sande, Faithless, The Prodigy, Hardwell, Motorhead.