ммм - македонска музичка мрежа

Калиопи со нов сингл и со албум со сите најголеми хитови

Калиопи со нов сингл и со албум со сите најголеми хитови

 

Поп-дивата Калиопи, која деновиве е актуелна со синглот „Мојот дом“, наскоро своите фанови во регионот ќе ги израдува со уште една нова песна.

„Мојот дом“ е на македонски јазик, и како таква ја слушаат сите на Балканот. Во соработка со Ромео Грил наскоро ќе промовирам уште еден сингл, кој ќе биде наменет за целиот регион, а ќе биде отпеан на српско хрватски јазик – вели Калиопи.

Но, тоа не е се што Калиопи го подготвува за своите фанови до крајот на 2015-та. Сите кои ја сакаат поп-дивата ќе можат да уживаат во изданието составено од сите нејзини хитови, со напомена дека нејзината кариера во поп-музиката трае цели три децении.

Така очекуваме ово Грејтс хитс да ги има и незаборавните „Бато“, „Кофер љубави“, „Остани во мене“, „Лео“, „Емануел“… кои оставија траен белег, не само во македонската, туку и на целата поранешна југословенска музичка сцена.