ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО: Давид Темелков повторно блесна, но еден од најмоќните вокали во X фактор испадна!

ВИДЕО: Давид Темелков повторно блесна, но еден од најмоќните вокали во X фактор испадна!

 

Давид Темелков повторно и го обели образот на Македонија со својот настап.

Вчеравечер од X фактор испадна уште една натпреварувачка со моќен глас. Русокосата „повратничка“ не успеа да се задржи долго на сцената на X фактор и покрај нејзината прекрасна изведба на песната „Река без вода“ и елегантниот стајлинг.

11350405_775194085935060_3714709218479004309_n

10420206_775202289267573_6817537443389490086_n

Данијела Вечерниновиќ веќе 15 години пее придружни вокали, односно се занимава со музика, а синхронизира и цртани филмови. Таа остана уникатна и своја до крајот!

11205529_775102612610874_8101127453532476790_n

11066771_764852453635890_1832414923116712828_n

Oткако во неделата Боби Мојсовски го занеми жирито со својата изведба, истото го стори и Давид Темелков вчера со изведбата на „Једина“ од Тоше Проески. Тој доби пофали за својот настап, но и за новата фризура. Комплименти од типот „Маестрално“ и „Еден е Давид Темелков“ беа упатени на негова сметка.

Двајцата Македонци во X фактор сигурно чекорат кон финалето. Погледнете го најновиот настап на Давид!