ммм - македонска музичка мрежа

Вечерва започнува најстариот фестивал на забавни мелодии, јубилејниот 30-ти Макфест!

Вечерва започнува најстариот фестивал на забавни мелодии, јубилејниот 30-ти Макфест!

 

Јубилејното триесетто издание на „Макфест“ започнува вечерва (3 јуни) со првата полуфинална вечер.

Второто полуфинале ќе се одржи утре, за да кулминацијата и финалето се одржат во петок, на 5 јуни. Домаќин на фестивалот, како и секогаш ќе биде Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, а фестивалот ќе се одржи под покровителство на Министерството за култура и општина Штип.

Програмата ќе се изведува во живо, со Ревискиот оркестар како и минатата година. Во двете полуфинални вечери ќе настапат по 15 изведувачи, а во финалето ќе настапат по девет изведувачи од првата и втората полуфинална вечер.

Наградниот фонд за годинешното јубилејно 30. издание на фестивалот на забавни мелодии изнесува речиси 30 илјади евра: Првата награда на „Макфест“ носи 10.000 евра, втората 7.500 евра и третата награда е во износ од 5.000 евра. Награда ќе биде доделена и за најдобра вокална изведба во износ од 1.000 евра, потоа наградата „Драган Ѓаконовски – Шпато“ во износ од 1.000 евра која ќе му се додели на најдобриот аранжер согласно одлука донесена од страна на стручна комисија.

Screenshot_11

Ќе има и награда за најдобар дебитант во износ од 1.000 евра, за најдобар сценски настап исто така во износ од 1.000 евра, како и признание за најслушана композиција меѓу два фестивала која ќе ја додели Радио Слободна Македонија.

Годинава ќе се гласа со СМС пораки, кои 30% ќе влијаат во изборот на финалистите и победникот, додека останатите 70% ќе им припаднат на членовите на жирито, кое е интернационално и составено од двајца претставници од Македонија и тројца од странство, а нивните имиња ќе се држат во строга тајност поради спречување на секакво влијание и притисок.

Првата полуфинална фестивалска вечер ќе ја отвори дебитантката Евгенија Чанчалова со песната „Миг до вечноста“, за по неа да настапат и:


2. „Ова е крај“ – Александра Кукушев
3. „Живеев за нас“ – Дејан Тасев
4. „Ако љубов е“ – Ѓоко Танески
5. „Последно танго“ – Влатко Илиевски
6. „Ќе те чувам“ – „Маротов бенд“
7. „Жал ми е“ – Димитар Андоновски
8. „Те молам врати се“ – Огнен Здравковски
9. „После се“ – Теодора Зеровска
10. „Што ми правиш ти“ – Маја Вукиќевиќ
11. „Срце да се отвори“ – Јоце Панов и Зуица Лазова
12. „Биди тој што си“ – Игор Митровиќ
13. „Ни јас ни ти“ – Виктор Апостоловски
14. „Кога љубовта не е дозволена“ – Верче Пандиловска
15. „Ако мене ме немаш“ – Дејан Стојанов