ммм - македонска музичка мрежа

Избрани првите финалисти на „Макфест“, вечерва нова борба!

Избрани првите финалисти на „Макфест“, вечерва нова борба!

 

Во Штип се одржа првото полуфинале од јубиларното триесетто издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест.

Од вкупно 15 композиции кои без изведени на сцената во придружба на ревискиот оркестар на МРТВ, само девет се пласираа во финалето, а за тоа одлучуваше стручно жири, чии гласови изнесуваа 70% од вкупните поени, како и телефонското гласање на публиката, која учествуваше со 30%.

Честа да ја отвори вечерта ја имаше Евгенија Чанчалова, а за место во финалето се бореа и Александра Кукушева, Дејан Тасев, Ѓоко Танески, Влатко Илиевски, „Маротов бенд“, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски, Теодора Зеровска, Маја Вукичевиќ, Јоце Панов и Зуица Лазова, Игор Митровиќ, Виктор Апостоловски, Верица Пандиловска и Дејан Стојанов.

makfest-1-1024x550

Во петок во финалето ќе настапат само деветте полуфиналисти кои освоија најголем број на гласови на публиката, и тоа Маја Вукиќевиќ, Евгенија Чанчалова, Огнен Здравковски, Игор Митровиќ, Јоце Панов и Зуица Лазова, Ѓоко Танески, Александра Кукушева, Виктор Апостоловски и Верица Пандиловска.

Во ревијалниот дел, за време на гласањето, публиката имаше можност да ужива со специјалната гостинка Пепа Димитрова, која призна дека имаше трема за овој настап пред нејзините сограѓани.

Првата фестивалска вечер помина во најдобар ред, со беспрекорна организација. Пејачите задоволни, оркестарот маестрален, публиката полна со впечатоци.

„Макфест“ уште една година испишува нова страница во македонската музика.

Вечерва со почеток од 20:30 часот ќе се одржи втората полуфинална вечер, кога за пласман во финале ќе се натпреваруваат уште 15 изведувачи, и тоа: Даниел Данн, Александра Михова, Александра Андова, Лена Заткоска, Панче Илиев и Иле Кикиритков, Марјан Стојановски, Бојана Атанасовска, Ивана Наумова, Ивона Јовановиќ со „Рафинерија“, Наде Талевска, Зоран Илиев, Наташа Малинкова, „Браво бенд“, Горан Наумовски и Дарко Илиевски.