ммм - македонска музичка мрежа

Симона Попоска: Снимавме без пауза, добро е преживеавме!

Симона Попоска: Снимавме без пауза, добро е преживеавме!

 

Атрактивната пејачка Симона Попоска после англискиот фанки хит “If you want my love” со Ерик Фокс, на јавноста и се претставува со нова македонска песна заедно со видео спот. Песната и спотот со наслов Сакам се е комплетно авторско дело на Sky Eye Entertainment.

Видеото се снимаше низ неколку интересни локации низ земјава, интересно е да се напомене дека атрактивната Симона  за прв пат го покажува нејзиниот талент за танц. Партнер во спот е познатиот  танчер Илија Карадаковски.

Се припремавме напорно за спотот,  танцот  и играњето на сцена се неизбежен дел од моите настапи затоа посетувам и часови по танц, а кондициски се одржувам и телотот го оформувам во фитнес центарот  Титаниум, вели пејачката.

Во спотот менува неколку стајлинзи за кој се погрижи нејзиниот стилист кој ја следи буквано секаде и на сите настапи познатиот  Бобан Тодоровски , Аксесорис  Наташа Гулевска и Симона Тасева, фотографија  Алекс Јакимовски..

11391767_911130882262594_6954557291268043233_n

После речиси 24 часовното снимање видеото се очекува да биди готово за некои 10тина дена..

Следно што се очекува од сексипилната Симона е нова фотосесија , многу песни и на англиски и на мекедонски  и се разбира многу настапи во и надвор од државава.