ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО: Калиопи во жесток нов сингл, „Пожели”

ВИДЕО: Калиопи во жесток нов сингл, „Пожели”

 

Докажано реализираниот музички тандем Калиопи – Ромео Грил ни претставува уште еден исклучителен хит сингл насловен „Пожели”!

После одличниот прием на песната „Мојот дом”, која на големо го освои балканскиот етер, бројните обожаватели на Калиопи можат да уживаат во уште еден потенцијален поп-рок хит, креиран во стилот на општо саканиот евровизиски сингл „Црно и бело”.

Оваа врвно продуцирана нумера, својата премиера стандардно ја имаше на социјалните мрежи и официјални канали на Калиопи – Youtube, Facebook и Tweeter.

Песната „Пожели” е снимана и миксана во ГМП студио во Базел и М1 студио при МРТ во Скопје, а мастерингот е правен во МСМ студио во Минхен.

Синглот го прати и интересен видео спот снимен во Скопје, за чија реализација повторно беше задолжена екипата на Томато продукција.