ммм - македонска музичка мрежа

Вечерва Боби Мојсовски и финалистите на Х Фактор на иста сцена со Роби Вилијамс во Белград!

Вечерва Боби Мојсовски и финалистите на Х Фактор на иста сцена со Роби Вилијамс во Белград!

 

Финалистите на најголемото музичко талент шоу Х Фактор вечерва на иста сцена со Роби Вилијамс на Ушќе во Белград!

Талентираните момчиња и девојки во придружба на eXit Factor бендот ќе настапат како дел од загревањето пред настапот на светската ѕвезда Роби Вилијамс пред десетиците илјади посетители на Ушќе.

Пресреќни сме што ќе пееме на Ушќе пред концерт на толку голема светска ѕвезда. Роби го сакаме сите, ги обожаваме неговите песни и чест ни е да сме дел од големиот спектакл. Веќе неколку недели знаеме за вечерашниот настап, тоа е остварување на сништата. Ти да настапиш пред Роби, има ли поголема ѕвезда од него? Немаме голема трема, повеќе е во прашање возбуда – велат финалистите.