ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО: Маја Вукиќевиќ со ново видео за стар макфестовски хит “Празни булевари“

ВИДЕО: Маја Вукиќевиќ со ново видео за стар макфестовски хит “Празни булевари“

 

Маја Вукиќевиќ повторно успеа да не изненади и тоа со еден невообичаен чекор. Имено популарната пејачка  со нов спот го оживеа и врати во етерот нејзиниот голем макфестовски хит “Празни булевари“ кој го отпеа во 2013 година.

Елегантна, женствена, со одличен стајлинг од Мила Кадриу, Маја и овој пат му остави на нејзиниот  проверениот соработник Даниел Николовски да се погрижи за шминката и фризурата. Под режисерската палка на Бојан Стоилковски во спотот на Маја главната маша улога му беше доверена на манекенот Мики Недиќ кој заедно со Вукиќевиќ одлично се снајде во улога на партнер и заеднички пренесоа силни емоции во видеото за оваа прекрасна балада која повторно ќе се заврти во македонскиот етер.

Погледнете го новото видео на Маја: