ммм - македонска музичка мрежа

Х ФАКТОР: Боби Мојсовски единствениот Македонец во финалето!

Х ФАКТОР: Боби Мојсовски единствениот Македонец во финалето!

 

Нашиот млад и талентиран пејач Боби Мојсовски е единствениот Македонец кој стигна до финалето на „X Фактор Адриа“.

Како и Даниел Кајмакоски минатата година, Боби играше на сигурна карта и ја освои публиката со изведбата на хитот „Counting Stars“ од OneRepublic.

Жирито беше воодушевено од настапот на Боби и тој со гласовите од СМС гласањето лесно влезе во финалето.

Големото финале на музичкото шоу ќе се одржи на 21 јуни во белградската „Комбанк арена“.