ммм - македонска музичка мрежа

Симона и нејзиниот жежок танц во спотот за „Сакам се”

Симона и нејзиниот жежок танц во спотот за „Сакам се”

 

Она што се најавуваше пред извесен период сега стана и официјално.
Песната и спотот со наслов „Сакам се” на Симона Попоска е комплетно авторско дело на Sky Eye Entertainment и режисерот Илија Тодоровски.
Видеото се снимаше дел студиски, а дел на една интересна локација во близина на Кавадарци. Во видеото Симона го покажува нејзиниот талент за танц заедно со нејзиниот партнер во спотот нашиот познатиот танчар Илија Карадаковски.

Screenshot_8

Напорно се подготвувавме за спотот, танцот и играњето на сцена се неизбежен дел од моите настапи затоа посетувам часови по танц за кои благодарна сум му на Илија – вели пејачката.

Во спотот менува неколку стајлинзи за кој се погрижи нејзиниот стилист Бобан Тодоровски, додатоците се на Наташа Гулевска и Симона Тасева, фотографија на Алекс Јакимовски.
Заводливата Симона е еден добар пример кој докажува дека без премногу голотија може да се изгледа секси и атрактивно на сцена.

Screenshot_9

Уживајте во видеото: