ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО: Невена Нешкоска сними „Песна за гаќичките“

ВИДЕО: Невена Нешкоска сними „Песна за гаќичките“

Откако ја освои македонската публика со синглот „In Love“ Невена Нешкоска деновиве го претстави својот нов сингл со толку заразен ритам и скокотлива тематика, што сигурно е дека ќе биде летен хит!

Станува збор за темата насловена „The Panties Song“ (Песна за гаќичките), чиј автор е самата Невена, продукцијата ја потпишува Гарет Билоу, миксот е на Фил Грајс, a мастерингот го направи Крис Фаур (Chris Faur) во „Пулс аудио мастеринг“ (Pulse Audio Mastering), додека видео записот го реализираа „Бленд кенди колектив“, Грег Стивен Реј, Еби Јанг и Кевин Веселка.

Screenshot_3

„Песната е доста заразна, провокативна и пожива во споредба со претходната. Се надевам дека ќе Ви се допадне“ – порачува  Невена.

Screenshot_4

Како звучи нејзината „Песна за гаќичките“  и како изгледа видеото за истата, ќе дознаете ако кликнете тука: