ммм - македонска музичка мрежа

„Визија“ на црногорскиот „Лејк фест“ во Никшиќ

„Визија“ на црногорскиот „Лејк фест“ во Никшиќ

 

Од 11 до 16 август во Никшиќ, Црна гора ќе се одржи јубилејниот петти „Лејк фест “ (Lake Fest), а алтернативниот рок бенд од Скопје, „Визија“, ќе биде една од групите кои ќе настапат на овој престижен рок фестивал.

Тие ќе ја делат сцената со „Гуано ејпс“, „Елементал“ „Панкрти“, „Гоблини“, „Мортал комбат“, „Ортодокс Селтс“, „Ничим изазван“, „Самостални референти“, „ДТС“, „Рибља чорба“, „Бејб“ и многу други.

Покрај „Гуано ејпс“, деновиве се очекува потврда за уште два странски хедлајнери кои ќе настапат на фестивалот. Првите три дена, фестивалот ќе се одржи во центарот на градот, на платото пред Домот на револуцијата, а потоа фестивалот се сели на сцената кај езерото Крупац.

За сите посетители на фестивалот, обезбеден е бесплатен камп.