ммм - македонска музичка мрежа

Започнува нова концертна сезона за Браќата Тавитјан

Започнува нова концертна сезона за Браќата Тавитјан

 

За Браќата Тавитјан од вечерва почнува новата концертна сезона. Вечерва тие по четврти пат учествуваа на тапанарскиот фестивал во Србија „ Друм Дум Фест“ во Лесковац заедно со Горан Гешовски на бас и европскиот џез виртуоз Кирил Кузманов на саксофон.

Летната турнеја понатака ќе ги опфати и Кикинда Џез фест, Петровац Џез фест, Шабац Џез фест и Белград. Специјална најава и за големиот концерт со филхармонија во Загреб во најголемата концертна сала „Лисински” и како и концерт со филхармонија во Љубљана, но за тоа, потоа.

Европа и САД ќе следат понатака во секој случај.