ммм - македонска музичка мрежа

Дејан Јованов со преубава песна дело на Пере (Нокаут) и Мио (ДНО)

Дејан Јованов со преубава песна дело на Пере (Нокаут) и Мио (ДНО)

 

Дејан Јованов, кој веројатно многумина го помнат како еден од тројцата финалисти на натпреварот Македонски Идол, никогаш не престана да се бави и да ја сака музиката.

Па, така сега со текст на Владимир Поп Христов и музика на Никола Перевски Пере се враќа на сцената со прекрасната „LoveAnda“, за која сними и спот.

dejan

Видеото е на Rewind продукцијата, а во песната се препознатливи и придружните вокали на Пере, но и на неговата ќерка Михаела Миа Перевска. Песната е снимена во студиото Димитрови со голема помош од момчињата од бендот „Нокаут“ на разни инструменти.

Еве го убавиот текс на Мио:

Убав миг е , празен ум на прошетка
климна без да каже да
сто пеперутки на само една лаванда, играат светлина.

Тука или не, уште повеќе полесно ми е
пројден со тебе секој ден ми е појасно од се
Тука или не ти си поважна од се. реф
За рака те држам како дете сум мал
принцеза за која живот би дал
чисто како солза срце знае што сака
те земам и те чувам цвету мил мој довека
и кога духот се буди нема му крај
вистинско чувство вистински рај
секој ден штом станам имам силна потреба
да го сетам мирисот на лаванда.

А сега погледнете го спотот и слушнете ја песната, одлични се: