ммм - македонска музичка мрежа

ФОТО: Групата EYE CUE го промовираше својот втор албум „Само Сакав“

ФОТО: Групата EYE CUE го промовираше својот втор албум „Само Сакав“

 

Вчера вечер групата EYE CUE го промовираше својот втор албум „Само Сакав“ во издание на Горила Продукција.

Промоцијата се одржа во пивница „Стар Град“ под Kале.

На албумот се најдоа 11 композиции меѓу кои и големите хитови (Боби баш ми е гајле, Колку Пати, Иста Патека, Не заборавај) кои ги одбележаа EYE CUE изминатиот период. EYE CUE во живо отсвирија неколку нови композиции и веќе прочуените хитови.

11143196_10206117508928441_7508263872723935813_n

EYE CUE на присутните им го поклонија својот албум „Само Сакав“ со по некој автограм и ја најавија својата концертна турнеа, која започува со настапи по дискотеки и клубови во месец Јули, а во вториот дел од летната сезона по општински настани поддржани од  Министерство за Култура“ и голем број реномирани фестивали (10.08 Градски плоштад – Крушево, 14.08 Градски плоштад – Ресен, 15.08 Струмица Опен фест, 29.08 Градски плоштад – Берово, 05.09 Пиво Ленд – Скопје) и многу други.

11698603 10206117515648609 8837310150425490822 n

За крај EYE CUE и Горила продукција најавија и Трет Албум и голем концерт во 2016 година.