ммм - македонска музичка мрежа

Симона Попоска со уште една нова песна

Симона Попоска со уште една нова песна

 

Уште една нова песна на се популарната Симона Попоска на македонски јазик.

Веќе во радискиот етер можеме да ја слушнеме „Се ќе помине” за која комплетен автор е диџејот и продуцентот Ерик Фокс која е во ритам својствен за дуото, додека текстот го напиша пејачката и текстописец на многу хитови, Магдалена Цветковска.

Дуото работи во полна пареа ова лето како на нови песни, спотови и подготовки на нивниот прв албум, така и со настапите насекаде низ државата.

Така туристите и граѓаните на Охрид ќе може да ги видат во сабота, на 4 јули, на манифестацијата „Бела ноќ” на градскиот плоштад во Охрид.