ммм - македонска музичка мрежа

Влатко Илиевски го прослави својот 30-ти роденден со нова песна

Влатко Илиевски го прослави својот 30-ти роденден со нова песна

 

Еден од најактивните и најпродуктивните македонски пејачи денеска по прославува својот јубилеен 30-ти роденден.

Иако песната испеана на фестивалот Макфест пред неполн месец „Последно танго” се уште е хит на радио станиците, Влатко реши за својот роденден да ги почести слушателите со нова песна. Станува збор за песната „Јас сум сам, и ти си сама”, а комплетен автор е Кристијан Габроски. Како што ни изјави Влатко:

Ова е уште еден сингл кој ќе се најде на мојот четврти соло албум кој ќе биде промовиран со голем концерт наесен во Скопје, а потоа и со турнеја низ Македонија.

Инаку летниов период Влатко е на релација Скопје-Белград, каде и во Србија при крај на летово конечно после неколку годиѓно најавување ќе промовира дел од албумот, наменет за балканскиот пазар, кој го работи со некои од најпознатите екс-ју композитори и продуценти.

Викендите се резервирани за настапи во летните дискотеки низ Македонија, а во месец август традиционално ќе настапи на Охридскиот Фестивал.

Инаку соло албумот нема да биде единствен албум на Влатко оваа година:

Со матичната група Морал, веќе сме во последни подготовки да го издадеме албумот ”Како некогаш” кој ќе биде ново издание на бендот по цела деценија од последниот албум „Кога патувам”, а со Морал исто така ќе приредиме и едно вистински рок-случување во Скопје, заедно со сите пријатели на групата Морал која постои повеќе од 32 години.

Инаку новиот сингл “Јас сум сам, и ти си сама” е песна субвенционирана со законот за поддршка на македонската музика, и за истата песна следниот месец ќе биде и реализиран спот.