ммм - македонска музичка мрежа

Игор Митровиќ во новиот спот игра жесток тип!

Игор Митровиќ во новиот спот игра жесток тип!

 

Новата песна на Игор Митровиќ со наслов “If you love me”, веќе од денес може да се слушне по радио станиците.

Песната е комплетно дело на Александар Масевски (музика, текст, аранжман), мастеризирана е во Холандија во Darius Van Helfteren – Amsterdam Mastering.

Спотот се снимаше четири дена во Скопје и е под комплетна режисерска палка на Елена Андовска. Главните улоги во спотот им припаднаа на Ивона и Александар кои одлично си ја завршија својата работа.