ммм - македонска музичка мрежа

Дали знаете кои се официјално најслушаните македонски песни за 2014 година?

Дали знаете кои се официјално најслушаните македонски песни за 2014 година?

 

Додека се разладуваме кој како умее, со убава летна музика на радио, ни пристигнаа официјалните листи на најслушаните македонски песни во 2014 година.

Листата е официјален извештај на ЗАМП, објавена во службен весник, а се добива така што се сумираат сите извештаи од медиумите во Република Македонија, кои имаат обврска на крајот на секоја година да поднесат листа на се што пуштиле во текот на изминатата година.

Па така првото место го освои Димитар Андоновски, со песната „Само тоа го можеш ти„. Вице-шампионското место, како и секогаш и припадна на Тамара Тодевска, со песната „Тажна љубов, среќна песна“. Големиот летен хит „Мандарина“ на Влатко Лозаноски е трета најслушана песна во земјава за лани.

Потоа се редат Тијана Дапчевиќ со евровизиската „Таму кај што припаѓам“, Димитар Андоновски, повторно, со „Ако ме боли“, Каролина Гочева со „Чалгиска“, Мирсад Јакупи со „Dу zemra“, Каролина Гочева со „Две лири“, Владо Јаневски со „Ама јас те сакам тебе“, и на десетто место „Бета Хаус“ со „Емили“.

Авторите на овие музички дела, како и на оние кои се подолу на листите, ќе добијат надоместок согласно со рејтингот на песната.

wwb_img20