ммм - македонска музичка мрежа

Андријана Јаневска од септември ќе почне да работи како професорка

Андријана Јаневска од септември ќе почне да работи како професорка

 

Андријана Јаневска од септември ќе почне да работи како професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Познатата пејачка оваа убава вест ја споделила и со виртуелните пријатели на социјалните мрежи каде напиша дека е пресреќна поради овој новитет во нејзиниот живот.

Драги пријатели, чест ми е да ве известам дека од септември ќе предавам соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на Катедрата за популарни жанрови”, стои во постот на пејачката која неодамна се врати од заслужен летен одмор каде беше заедно со семејството, односно со сопругот Гино и синовите Кристијан и Димитар.

Таа се уште е на трудничко боледување, а освен ангажманот на факултетот, таа исто така е во редовен работен однос и во Македонската опера и балет, а тука е и хорот „Св. Злата Мегленска”, како и пишувањето музика и аранжман на детски песнички.