ммм - македонска музичка мрежа

Даниел Кајмаковски откри каде најлесно му оди создавањето музика и кој е негова инспирација

Даниел Кајмаковски откри каде најлесно му оди создавањето музика и кој е негова инспирација

 

По „Икс-фактор“ е тешко, но се трудам да опстојам на балканската сцена, признава Даниел Кајмакоски во интервју за српското издание на магазинот „Глорија“. Деновиве македонскиот пејач котира високо на сите топ-листи во регионот со новата песна „10 лета“, која е најава за неговиот прв албум.

Кајмаковски вели дека да ја создава својата музика најлесно му оди во неговата родна Струга.

– Таму е мојата куќа во која ги поминав најраните години од моето детство. Баш таму ги напишав најубавите песни. Ме инспирира и Охридското Езеро, таа атмосфера и самото место се засекогаш во моето срце – вели Кајмакоски.

Тој додава дека личноста што посебно го инспирира е Тоше Проески.

– Се восхитувам на начинот на кој Тоше живееше и како својот талент го делеше со другите – вели тој.