ммм - македонска музичка мрежа

На 5 септември 2015 година, во Кавадарци ќе се оддржи четвртото издание на единствениот македонски демофестивал „Т’к Так Фест“.
Фестивалот е инспириран од историјата на македонската рокенрол сцена, поддржан е од нејзините основоположници,  а се оддржува во чест на македонската рок легенда, прерано починатиот рок музичар, тапанар и композитор Трајко Каров. Во меѓувреме „Т’к Так Фест“ веќе прерасна во најголемиот македонски демо фестивал, чија главна цел е промовирање и поддршка на новите генерации македонски музичари, со што ќе се продолжи мисијата на човекот кој целиот свој живот и го посвети на рок музиката.
Во изминатите 3 години промовиравме повеќе од 20 македонски бендови, доделивме девет награди за освоено прво, второ и трето место, како и три Гран При награди „Трајко Каров“ на најдобрите тапанари.
Покрај со демо бендовите, во изминатите години се дружевме и со најдоброто од македонската рок сцена, нешто што продолжува и годинава, со настапите на легендарните „Коцка лед“, „Паја Бенд“, „The Brothers Band“ во чиј состав се познати имиња од македонската рок сцена и главните ѕвезди на вечерта, „Фолтин“.