ммм - македонска музичка мрежа

Со кого Игор Митровиќ го поминува летото?

Со кого Игор Митровиќ го поминува летото?

 

Игор Митровиќ летниот период го користи за подготви нешто интересно.

Станува збор за темата „Сам“ за која пејачот најавува и видео спот. Музиката, текстот и аранжманот се комплетно дело на Александар Масевски, додека спотот ќе го работи со 3Д Проект студио, истите тие кои го работеа и спотот за песната “Сега и тука”.

Спотот ќе започне да се снима за десетина дена, а веднаш потоа се очекува песната и спотот да бидат промовирани пред јавноста. Дали ова значи дека така се чувствува летово, сам, останува да видиме во спотот.

Игор исто така е зафатен и со подготовка на акустична верзија за песната „Биди тој што си” со која настапи на овогодинешниот Макфест.