ммм - македонска музичка мрежа

Даниел Кајмакоски по стапките на Тоше: „Деценије“ на врвот на МТV-Adria!

Даниел Кајмакоски по стапките на Тоше: „Деценије“ на врвот на МТV-Adria!

 

“Убаво е чувството кога на публиката и се допаѓа она што го правите, а најубаво е кога ќе ви кажат дека вашата музика им го разубавува денот“– вели Даниел Кајмакоски, откако „Деценије“ се најде на првото место на топ листата MTV Domacica MTV – Adria.

Даниел Кајмакоски овие денови ужива во успехот постигнат со неговиот прв сингл “10 Лета” или “Деценије”, во бројните позитивни коментари кои ги добива на социјалните мрежи, за кои вели дека му даваат посебен поттик да следниот сингл. Првото место на топ листата MTV Domacica најдобро говори за тоа колку публиката ја прифати оваа песна.

Screenshot_2

 “Благодарам на сите кои гласаа за ова недела да го достигнеме врвот! Драго ми е што Деценије им се допадна на луѓето низ целиот регион, кои се со мене уште откако се појавив на сцена. Добро е чувството кога на публиката и се допаѓа она што го правите, а најубаво е кога ќе ви кажат дека вашата музика им го разубавува денот. Тоа е мојата мисија и ветувам уште нови песни наскоро– сподели Даниел Кајмакоски.

Screenshot (2)

По објавување на “10 Лета” и  “Деценије”, Даниел започна да работи на својот следен сингл кој може да се очекува оваа есен, а со тоа ќе го најави неговиот нареден проект.

На следниот линк може да гласате за “Деценије”