ммм - македонска музичка мрежа

„Ова време е за нас“ – Бен Хур се враќаат на музичката сцена

„Ова време е за нас“ – Бен Хур се враќаат на музичката сцена

 

Рок бендот “Бен Хур” од Прилеп постои веќе 22 години, а негови основачи се екс гитаристот на култните Ристо Бомбата и кучешката тенија, Борче Шабаноски и клавијатуристот Душко Темелкоски. Денес во бендот како вокалист се појавува Игор Јагуриноски, а на тапани е Пеце Свекароски Сабат.

Неодамна се појави и спотот за нивната најнова песна со наслов „Ова време е за нас“. Песната е снимана во рамки на проектот на субвенционрање на македонската забавна музика, а видеото е снимано во Прилеп под Марку Куле. Видео спотот го изработи Фабрика Продукција од Скопје. Слушнете и погледнете: