ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО: Во новиот спот на Калиопи, по долги години, се појавува и Ромео Грил!

ВИДЕО: Во новиот спот на Калиопи, по долги години, се појавува и Ромео Грил!

 

Во новиот спот на нашата позната пејачка Калиопи, конечно по долги години визуелна апстиненција, се појавува и Ромео Грил.

Ромео, поранешниот сопруг на Калиопи и нејзин долгогодишен соработник, со кој ја почна кариерата и со кој соработува повторно во неколкуте последни години, е комплетен автор на песната „Јутро“, која сега за сега има само српска верзија. Тие ја обновија соработката со учеството на Евровизија во 2012 година, по што следуваше албумот „Мелем“ кој по мерило на многумина од еснафот е мастерпис на кариерата на Калиопи.

Песната „Јутро“ е веќе трета нова песна која Калиопи ја издава годинава, секоја повторно во соработка со Ромео, и сето тоа навестува дека албумот е многу блиску.

Спотот е сниман во Македонија, песната е прекрасна, како и сите на Калиопи, слушнете ја и уживајте!