ммм - македонска музичка мрежа

Видете кој се од нашите ѕвезди ќе настапи на фестивалот „Скопје 2015“

Видете кој се од нашите ѕвезди ќе настапи на фестивалот „Скопје 2015“

 

На конкурсот за овогодинешниот „Скопски фестивал“ пристигнаа седумдесет, а стручната комисија на МРТВ одбра осумнаесет песни, кои ќе бидат изведени на 12 ноември во „Метрополис арена“ во Скопје.

ИЗВЕДУВАЧИ НА „СКОПЈЕ 2015“

Љубов – В.Илиевски/Ј.Димчевска
Од град до град – Ристо Самарџиев
Празен ден – Маја Вукиќевиќ
Пеј брате мој – Александар Тарабунов
Јас и ти – Јана Бурческа
Убава – Ај кју
Орхидеја – Џина Папас – Џокси
Музика од љубов – Иван Раденов
Премин – Мартин Мила
Градина од цреши – Сара Мејс
Сеедно е – Ванеса Николова
Бeгај, бегај – Даниел Дан
Нема да можам – Горан Наумовски
Прости ми – Виктор Апостоловски
Илјада светови – Мики Секуловски
Љубовта е – Елена Петреска
Знам ти ме оставаш – Александар Белов
Без тебе – Ања Ветерова
Годинава победникот на фестивалот нема да биде претставник на Македонија на „Евровизија 2015“, но фестивалот останува натпреварувачки. Па така, првопласираната песна ќе добие 600.000 денари, втората 450.000 денари, а третата 300.000 денари.

За победниците ќе одлучуваат гласовите од телевоутингот и стручното жири.