ммм - македонска музичка мрежа

ВИДЕО ЦЕПКИ: Тамара Тодевска како дама, а Панчо и Андреј како слуги…

ВИДЕО ЦЕПКИ: Тамара Тодевска како дама, а Панчо и Андреј како слуги…

 

Долгоочекуваниот спот за хитот „Фрази љубовни“ на Тамара Тодевска и ДНК од денеска ќе можете премиерно да го видите на „Јутјуб“ и на македонските телевизии. Комичното видео раскажува за два простодушни ликови кои се загреани по супер ѕвезда од естрадата.

10

Видеото се снимаше во Охрид во „Вила Бисера“ и е во продукција на „Горила Филмс“ во режија на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади.

Песната што се уште е радиски хит е дел од албумот „Еден ден“, кој Тамара го промовираше изминатиот Јули. „Фрази љубовни“ е дело на Лазар Цветковски. Tекстот го напишаа Магдалена Цветковска Ена и Владимир Блажев.